Тренерот на Интер, Антонио Конте, вели дека неговите фудбалери одиграле добар меч на теренот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите иако на крајот останаа со празни раце.
„Нема многу клубови кои дошле во Мадрид и успеале да се вратат по негатива од 2:0. Стигнавме до 2:2 а потоа имавме шанси за победа. Деталите го одлучија победникот“ – вели Конте.
„Има уште три кола. Ништо не е решено. Ќе се обидеме да ги освоиме сите 9 бодови“ – потенцираше тренерот на „нероаѕурите“.

