Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, се осврна на вчерашната победа против Монца во рамките на 6 коло во Серија „А“. Со тој трумф, неговиот состав се проби на чело на табелата во италијанскиот шампионат.
„Знам дека има големи очекувања но, да ги оставиме навивачите да сонуваат. Го започнавме процесот на реконструкција. Имаме уште многу натпревари“ – вели Конте.
„Во последниве три месеци работиме напорно и правиме реконструкција на тимот. Мислам дека полека ги средуваме работите“ – нагласи Конте.

