Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, размислува да го засили средниот ред со нов кретатор на играта.
Според медиумите на Апенините, Конте има две желби. Првата е Иван Ракитиќ од Барселона. Стратегот се надева дека тимот од „Камп Ноу“ деновиве ќе ги спушти финансиските барања за Ракитиќ. Втората опција за „нероаѕурите“ е членот на Олимпик Марсеј, Кевин Стротман кој има искуство од Серија „А“’ бидејќи настапуваше за Рома.
Се претпоставува дека Интер може да издвои за Ракитиќ околу 40 милиони евра додека за Стротман таа сума треба да се движи максимум до 20 милиони.
.