Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, по вчерашното реми на домашен терен против Парма (2:2) во Серија „А“, јавно побара од раковдните гарнитури да му обезбедат засилувања во текот на наредниот трансфер период.
„Се грижам и тоа многу. Одигравме лошо прво полувреме. Не можам да барам повеќе од фудбалерите бидејќи во шест денови одиграа три меча. Единствениот проблем е тоа што немаме доволно фудбалери, затоа мора да се засилиме“ – нагласи Конте.
„Нероаѕурите“ во тековнава сезона влегоа со неколку нови имиња а медиумите шпекулираат дека на радарот на кинеските сопственици се наоѓаат и Видал и Ракитиќ како и уште неколку проверени фудбалери.

