Медиумите во Англија објавија дека тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, планира да направи голем ремонт во текот на летото.
Според наведеното, на трансфер листата ќе бидат ставени : Танги Ндомбеле, Давинсон Санчез, Хари Винкс, Џовани Ло Селсо, Стивен Бергвејн, Серхио Регион и Џо Роден.
Во исто време се верува дека Италијанецот сака да купи голман, двајца стопери, централен играч за врска и напаѓач.

