Маурицио Сари ќе седне на клупата на Челзи на местото на Антонио Конте, објави тимот од Лондон на социјалните мрежи.
Со тоа заврши ерата на италиајнскиот стратег на клупата на „сините“ кој во континуитет имаше недоразбирања со челниците на тимот од „Стенфорд Бриџ“. Последниот повод за кавга беше несогалсувањето околу терминот за стартот на подготвките за новата сезона.
Сари ја започна тренерската кариера во 2005 година во тимот на Пескара во Серија „Б“ а потоа беше предводник на уште неколку екипи од „Чизмата“. Сари го презеде кормилото на Наполи во 2005 година и во континуитет имаше забележителни резултати во Серија „А“.