Тотенхем ќе остане без голем број важни играчи за клучното гостување против Ливерпул во сабота навечер.
Серхио Регилон, за кого Антонио Конте стравува дека ќе отсуствува до крајот на сезоната е само уште едно име во низата отсутни. Шпанецот има повреда на мускулот на препоните и тешко дека ќе биде подготвен за некој од последните натпревари.
Оливер Скип, Мет Доерти и Џафет Танганга се исто така на листата на повредени, што значи дека конте има само 15 првотимци, меѓу кои и ѕвездите Хари Кејн и Хјун Мин Сон за дуелот со „црвените“.
Саботниот натпревар е клучен за двата тима, бидејќи Спарс се борат за место во Топ 4, а Ливерпул за титулата.