Тренерот на Интер, Антонио Конте ќе мора да ги реши проблемите во средниот ред за утрешниот решавачки натпревар против Шахтјор.
Потребна им е задолжителна победа на „нероазурите“ и поволен развој на вториот натпревар во групата Б од Лигата на шампионите помеѓу Борусија (М) и Реал Мадрид за да се надеваат на пласман во следната фаза. За натпреварот со Украинците, Конте најверојатно нема да може да смета на Николо Барела и Артуро Видал.
Италијанскиот репрезентативец вчера се здоби со повреда на скочниот зглоб на тренингот на својата екипа, а Чилеанецот го пропуштил тренингот. Доколку Барела не може да го започне натпреварот, фаворит да го замени е Кристијан Ериксен.

