Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, очекува тежок меч утре против Парма иако неговиот состав ќе ја има улогата на голем фаворит. „Нероаѕурите“ се во трка за титулата во Серија „А“ и секој бод им е максимално значаен.
„Парма отсекогаш претставуваше проблем за нас. Во моментов тие не се во добра позиција, но, имаат искуство и добар тренер. Ни треба вистински пристап. Ќе треба да бидеме поефикасни“ – вели Конте.
„Создаваме многу шанси, но, мора да постигнуваме повеќе голови. За мене, секој натпревар е значаен. Не ми е грижа за глупави пресметки. Ако некој добие жолт картон, друг ќе игра на неговото место“ – рече Конте на денешната прес-конференција.