Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, изјави дека е научена лекција од натпреварот против Саутемптон. Лондончани претрпеа пораз од 3:2.
„Работиме и ќе се обидеме да ги корегираме грешките. Примивме три гола на ист начин. Штета што загубивме. Тим како Тотенхем не смее да прими три гола на еден меч“ – изјави Конте.
Италијанецот откри дека зимските засилувања, Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур, се подготвени да бидат стартери против Вулверхемптон. Тој меч е закажан за в недела.