Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте навести дека на утрешниот натпревар против Брентфорд на традиционалниот англиски „Боксинг деј“ ќе користи само играчи кои не играле на Светското првенство во Катар.
Премиер лигата продолжува во понеделник, само осум дена по одигрувањето на финалето во Катар.
Французинот Уго Лорис и Аргентинецот Кристијан Ромеро сигурно нема да играат, а веројатно и повеќето играчи кои настапија на турнирот.
„Јас не сум среќен. Всушност, од една страна, среќен сум затоа што клубот имаше 12 играчи на Светското првенство, но нема да биде лесно бидејќи беше во текот на сезоната и физички не можат да бидат на ниво“, изјави Конте.