Антонио Конте ја имаше првата средба со новинарите откако го презеде кормилото на Наполи. Тој ги откри плановите за годините што доаѓаат.
„Целта на еден тренер е да ги натера навивачите на тимот да бидат горди. Мораме да го обновиме составот. Ќе ни треба време и трпение“ – вели Конте.
Италијанецот претходно работеше во татковината во екипите на Интер и Јувентус а еден период беше и во англискиот Тотенхем.