Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте зборуваше по ремито против Удинезе во 24. коло од италијанската Серија А.
„Штета што одигравме нерешено. Мислам дека денеска заслуживме повеќе. Доколку не ги искористите вашите шанси, ќе имате проблеми“ – изјави Конте.
„Удинезе има многу силен тим со искусни играчи кои, верувам, наскоро ќе се преселат во големи клубови“ беа дел од зборовите на Конте.

