Италијанскиот дефанзивец Андреа Конти ќе се врати во составот на Милан на почетокот на октомври, објавија од клубот. Младиот фудбалер ја пропушти целата сезона поради тешка повреда на коленото, по што мораше да оди и на операција.
Се очекуваше десниот бек да се врати во составот на “росонерите” во септември, но денес од клубот потврдија дека Италијанецот ќе се вклучи во тренинг процес на почетокот на октомври. 3
24-годишниот дефанзивец дојде во Милан од Аталанта минатото лето за сума од 24 милиони евра.