Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се обиде да го оправда непримерниот потег од негова страна. Тој по голот на Хименез за водство против Јуве од 1:0, се фати за меѓуножјето и се заврте кон трибината.
„Го направив тоа и како фудбалер на мечот меѓу Лацио и Болоња, сега го направив повторно за да им покажам на нашите навивачи дека имаме му*а. Не беше насочено кон противничкиот тим, туку кон нашите навивачи. Признавам не изгледаше убаво, но во тој момент почуствував потреба да направам такво нешто“ – изјави Симеоне.
„Одигравме одличен натпревар а фудбалерите себореа максимално на теренот. Извлековме максмимум против многу силен тим и направивме добар резултат„ – потенцираше тренерот на шапснкиот состав.