Данската фудбалска федерација потврди дека Копенхаген ќе биде домаќин на натпреварите во Евро 2020, кои се одложени за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот.
Загриженоста дека Данска може да се откаже од организација на фудбалските натпревари беше бидејќи велосипедската трка „Тур де Франс“ треба да започне во Копенхаген во јуни 2021 година.
„Европското првенство во фудбал е една од најголемите спортски настани во светот.Тоа е историски момент и ќе бидеме домаќини на четири натпревари во Копенхаген.Ние не можеме да ги лишиме навивачите и земјата од овој фудбалски празник. Благодарност до претставниците на стадионот Паркен, градот Копенхаген, УЕФА и „Тур де Франс“ кои најдоа решенија за сложената задача на одржување на двете натпреварувања заедно. Со нетрпение го очекуваме спортското лето од 2021 година“, рече претседателот на федерацијата, Jeспер Мелер.