Италијанскиот фудбалски шампион, Интер, денеска го претстави Хоакин Кореа кој потпиша договор до летото во 2025-та.
27-годишниот напаѓач кој деновиве го напушти римски Лацио, прво ќе игра на позајмица а на крајот на сезоната, „нероаѕурите“ ќе треба да платат 30 милиони евра за откуп на неговиот договор.
Хоакин за „римските орли“ има одиграно 117 натпревари на кои успеа да постигне 30 гола