Фудбалерот на Интер, Хоакин Кореа, кој има проблеми со потколеницата, денеска беше на дополнителни прегледи, потврди преку соопштение составот од Милано.
„30-годишникот беше подложен на медицински тестови во Институтот Хуманитас во Роцано. Тој страда од истегнување на мускулот на левата потколеница. Неговата состојба ќе се проценува на дневна основа” – се вели во соопштението на „нероаѕурите“.
Ќе потсетиме дека Кореа последниот меч во Серија „А“ го одигра против Парма на 6 декември.

