Барселона и Интер се пред реализација на размена на фудбалери, тврдат шпански извори. Според новинарот Жерар Ромеро, клубовите се многу блиску до размена на Мемфис Депај и Хоакин Кореја. Договорот ќе биде затворен само доколку напаѓачот на Барселона даде зелено светло за заминување во Милано.
Претходно беше објавено дека каталонскиот клуб е во преговори со Атлетико Мадрид за 28-годишниот напаѓач, кој инсистира да остане во Шпанија. Сепак, Барса и Интер се обидуваат да склучат некоја зделка за размена на играчи кои се непотребни во двата тима, па очигледно Депај и Кореја се на добар пат да реализираат една од нив.