Фудбалерот, Жезуз Корона, ќе го напушти тимот на Порто и ќе се пресели во редовите на Севилја откако клубот од Андалузија му понуди договор за наредните 3 години.
29-годишниот играч од средниот ред во 2015 година се пресели кај „змаевите“ од холандскиот Твенте. Мексиканецот кој има и португалски пасош, за екипата на Порто има 285 натпревар, 31 гол и 69 асистенции.
Корона во сезоната 2019-2020 беше избран за најдобар играч во португалското првенство.

