Двајца позитивни на Ковид -19 покажале последните тестирање во редовите на фудбалскиот состав Барселона.
Медиумите во Шпанија објавија дека станува збор за луѓе од стручниот штаб но, нивните имиња не се соопштуваат. Итересно е дека тренерот, Роналд Куман, не се појави на задолжителната средба со новинарите пред утрешниот меч со Атлетик Билбао.
Сега се појавија одредени шпекулации дека раководството на Ла Лига може да го одложи мечот.
