Дејан Кулушевски кој во јануари потпиша за Јувенртус , но, ќе остане да ја доигра сезоната во дресот на Парма, вели дека имал примамлива понуда и од Интер. Швеѓанецот кој има потекло од Македонија, во последното интервју откри дека за неговата одлука пресудила формацијата и тактиката што ја практикуваат тренерите на двата тима.
„Kaj Конте сите движења се различни како и тактичката поставеност. Искрено, се сомневаб во тоа. Видете, еден Ериксен не може да се пронајде во Интер. Од друга страна, играта на Сари дефинитивно ми се допаѓа “- вели Кулушевски.
„Старата дама“ за потписот на напаѓачот ќе треба да издвои 45 милиони евра од кои 9 ќе бидат во форма на бонуси.