Фудбалерот, Маруан Фелаини, кој го напушти премиерлигашот Манчестер Јунајтед, до крајот на денов ќе го официјализира трансферот во Кина во екипата на Шандонг Луненг.
Белгиецот кој беше на излезната врата од „Олд Трафорд“, доби фантастична понуда која не се одбива. Тој ќе заработува по 10 милиони евра на сезона што претставува одлична сума за играч кој има 31 година и кој полека треба да размислува за крај на професионалната кариера. Од друга страна, Манчестер Јунајтед за трансферот ќе добие 11.5 милиони евра.
Фелаини пред пет и половина години беше купен од Евертон за 32 милиона евра. Тој во дресот на „црвените ѓаволи“ ги освои трофеите во Лига Европа, ФА Купот, Лига Купот и Комјунити Шилд.