Дефанзивецот на фудбалскиот состав Наполи, Калиду Кулибали, изрази желба да го напушти клубот во текот на летото. Тој на средбата со претседателот, Аурелио Де Лаурентис, добил ветување дека ќе може да си замине доколку некој ја плати бараната сума.
За црномурестиот фудбалер се заинтересирани Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. „Црвените ѓаволи“ сакаат тој да му биде партнер на Хари Магвер во центарот на одбраната додека Французинот го гледаат како замена за капитенот, Тијаго Силва, кој најави заминување од „Паркот на принцовите“.
Медиумите во Италија, објавија дека трансферната вредност на Кулибали е околу100 милиони евра.