Англискиот фудбалски состав Арсенал денеска потврди дека ќе му ја исполни желбата на Лорен Косчилни и дека ќе му дозволи да направи трансфер во Франција во екипата на Бордо.
Капитенот на „топчиите“ кој инсистираше да ги пропушти летните подготовките, требаше да одработи уште една сезона пред да му заврши договорот со тимот од Лондон. Тој сепак одби да игра на пријателските мечеви и инсистираше на заминување.
Реномираниот француски весник Л’Екип објави дека Филипе Кутињо треба да се пресели во Арсенал. Бразилецот ќе биде испратен во Северен Лондон на позајмица а „точиите“за тоа ќе платат од 25 до 30 милиони.