Нашите најдбри кошаркари со 6 порази ги завршија квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.
Последниот дојде денеска на домашен терен од селекцијата на Украина со 73:68. Од првата до последната минута гостите имаа апсолутна контрола на мечот и сосема заслужено се израдуваа на победа во СЦ Борис Трајковски. Во нашиот табот Андреј Јакимовски застана на 17 поени додека Војдан Стојановски имаше 15 поени а Бојан Крстевски со 13 коша.
НБА играчот, Свјатослав Михаљук, со 24 поени беше прв поентер кај Украинците. Во вториот меч од нашата група, Грузија дури по продолжение славеше против Шпанија со 82:76 (67:67).