Нашата кошаркарска репрезентација успеа да ја совлада репрезентацијата на Буркина Фасо со 24 спрема 18 и да го освои бронзениот медал на Специјалната олимпијада која се реализира во Абу Даби.
Бронзата е само уште една потврда за одличниот настап на нашите претставници кои претходно успеаа да освојат уште неколку одличја. Ќе потсетиме, златни медали освоија Марио Мицковски и Стефан Трпковски во пливање, Ардијан Шабини освои сребро и бронза во атлетика а со бронза се накити и атлетичарката, Сара Дураку.
На Специјалната Олимпијада во Абу Даби учествуваат преку 7000 спортисти од 190 земји.