Македонската машка кошаркарска репрезентација по значајниот триумф против Норвешка и обезбедениот пласман во главните кфалификации за Европското првенство во 2025 година, напредуваше на листата на ФИБА.
Нашата селекција сега има 204,4 бодови и се проби на 28-то место во зоната на Европа додека на светската листа се наоѓа на 53-та позиција.
Последните мечеви во меѓународна конкуренција не донеса големи потреси во Топ 5. Селекцијата на Шпанија останува лидер пред САД, Австралија, Аргентина и Франција.