Нашите најдобри кошаркари денеска ги очекува вториот меч од квалификациите за Мундо-баскетот во 2023 година.
Избраниците на селекторот, Драган Бајиќ, по очекуваниот стартен пораз на домашен терен од фаворитот Шпанија, денеска од 18.00 часот ќе гостуваат во Киев кај Украина.
Нашиот денешен противник во првото коло остана со празни раце на теренот на Грузијците кои вечер од 20.30 часот ќе и гостуваат на „црвената фурија“.