Македонските кошаркари со денешната победа против Швајцарија од 67 спрема 61 си обезбедија место во квалификациите за Мундијалот во 2023 година.
На мечот одигран во рамките на 3 коло во групата „Ф“ во СЦ Јане Сандански, нашите репрезентативци им се реваншираа на Швајцарците за стартниот пораз и воедно успеаа да направат и подобра кош-разлика во меѓусебните пресметки. Во редовите на Македонија се издвоија Мекиќ со 16 и Трајковски со 15 кошеви додека кај противникот Казади застана на 15-ет поени.
Утре во 4 коло Швајцарија ќе игра со Словачка додека на 18-ти ние ќе излеземе на мегдан со Словаците. На табелата, Македонија има 5 бодови, Швајцарија 4 а Словачка 3. Првите две селекции од групата ќе го продолжат патот кон Мундијалот.