Нашата женска кошаркарска репрезентација ќе игра против Белгија, БИХ и Германија во квалификациската група „А“ за место на Евро-шампионатот во 2023 година.
Натпреварите ќе се одвиваат во три т.н. ФИБА „прозорци“. Првиот е од 11. до 14. ноември 2021 година. Вториот во периодот 24-27. ноември во 2022 година а последниот од 24. до 27. февруари во 2023 година.
Победниците од 10-те групи како и четирите најдобро второпласирани ќе си обезбедат учество на завршниот турнир.