Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ќе ја заврши годинава на 33. место во рангирањето на ФИБА за зоната на Европа и на 75-то место во светското рангирање.
Од нашите противници во тековните европските-квалификации, Србија е на 4-та позиција, Украина на 18 -та а селекцијата на Португалија го има 22-то место.
Шпанките се најдобри во евро-конкуренцијата пред Белгија и Франција додека во светското рангирање доминира селекцијата на САД пред Кина и Австралија.

