Капитенот на Арсенал, Лоран Кошчелни, признава дека неговиот состав одиграл слабо на вчерашниот меч со ЦСКА Москва иако успеа да обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во Лига Европа.
Средбата во Русија заврши нерешено 2 спрема 2 а „топчиите“ одат во наредната рунда благодарение на победата во првиот меч во Лондон со 4 спрема 1.
„Тоа не беше планот. Мислам дека ни недостигаше многу движење за да парираме.Тие ги искористија шансите и ни направија многу проблеми. Треба да бидеме сигурни во себе. Тоа е нашата последна шанса да се пласираме во Лигата на шампионите и затоаќе се бориме до крајот ” – вели Кошчeлни.