Поранешниот француски фудбалер, Алан Жирес, ќе ја води селекцијата на Косово. Тој пред да влезе во тренерските води беше активен само во Бордо и Олимпик Марсеј од 1970 до 1988 година.
Жирес кој одигра преку 600 меча и постигна преку 160 голови, беше дел и од златната француска генерација која во 1984 година стигна до златото на Европското првенство.
Од 2004 година работи само како селектор. Досега ги водеше селекциите на: Грузија , Габон, Мали, Сенегал и Тунис.