Екипата на Атлетико Мадрид останува без услугите на својот прв напаѓач Диего Коста до крајот ан сезоната. Но пртичината за ова не е повреда, туку казната која ја заработи Коста поради своето однесување на дерби средбата со Барселона.
Шпанската фудбалска федерација денес објави дека искусниот напаѓач добил казна од одсум натпревари заради навредливите зборови кон главниот судија на мечот со Барселона.
Коста, е познат по својот темперамент и честите испади на терените, бурно реагираше на една одлука на главниот судија и упати навредливи зборови за неговата мајка, по што заслужено заработи директен црвен картон.
Оваа суспензија значи дека сезоната за Коста во „Ла Лига“ е завршена, бидејќи до крајот на шпанскиот шампионат преостануваат уште седум кола. Секако дека од Атлетико Мадрид ќе се обидат да ја намалат оваа акзна со некоја жалба, но е јасно дека ќе го немаат до крајот на сезоната.