Бразилскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Даглас Коста, призна дека поради честите повреди размислувал да ја прекине кариерата и да се пензионира.
„Постојат моменти кога се прашувам дали можам уште да играм и затоа размислувам за пензија. Сепак, кога подобро ќе размислам, фудбалот е мојата страст и можам уште да играм на високо ниво“ –изјави Коста.
29-годишниот фудбалер пред да дојде во Италија во редовите на „старата дама“ настапуваше за бразилскиот состав Гремио и украинскиот Шахтјор Донецк.