Повредените фудбалери во составот на Атлетико Мадрид се зголемија за уште еден. Напаѓачот Диего Коста добил повреда на ногата и ќе се подготвува според индивидуална програма, соопштија од шпанскиот клуб.
30-годишниот Бразилец со шпански пасош има изненадувачки слаба сезона, сеуште не постигнал гол во „Ла Лига“ во оваа сезона (во 9 натпревари). Коста има само еден погодок во Лигата на шампионите оваа сезона (плус два гола гола во Суперкупот на Европа против Реал Мадрид во август).
Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне има сериозни проблеми со повредени играчи пред претстојниот дуел со Барселона на „Ванда Метрополитано“ (24 ноември). Различни повреди лекуваат во моментов дефанзивец Диего Годин, Лука Ернандес, Хозе Хименес и Стефан Савиќ, а исто така повредени се и Коке и Тома Ломар.