Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентативец Тихомир Костадинов се реши да побара поголема минутажа во друг клуб и ја напушти екипата на Сигма.
Сепак, Костадинов останува во Чешка затоа што во финишот од преодниот рок се пресели во екипата на Словачко, екипа на која ќе се обиде да ѝ помогне до крајот на сезоната да избори опстанок во првата лига на Чешка.
Тихомир Костадинов не одигра ниту една минута за Сигма во подготвителниот период затоа се одлучи за нов предизвик.
Во кариерата претходно македонскиот фудбалер беше дел од полски Пјаст Главице, словачките екипи Руженборк и Банска Бистрица, додека во Македонија настапуваше за Тетекс Тетово.
photo: fc slovacko

