Легендата на Милан, Александро Костакурта, кој има играно против Диего Марадона и Лео Меси, во интервјуто за Скај Италија направи споредба меѓу двајцата Аргентинци.
„Зборуваме за големи играчи во историјата на фудбалот. Со Марадона, требаше да го фаулираме 66 пати за да бидеме опоменати од судијата, со Лео сега е многу поразлично. Мислам дека Меси е поголем гениј“-потенцираше некогашниот дефанзивец на „росонерите“.
„Против Меси играв кога тој имаше 16 години, во прв момент го гледав како дете и мислев дека ќе можам да правам што сакам… но, по само 15 минути побарав од Карло Анчелоти да бидам заменет“ – потенцираше Костакурта.