Легендарниот италијански фудбалер, Алесандро Костакурта, проговори околу новиот тренер на Милан. Познато е дека Стефано Пиоли на крајот на сезоната ќе си замине и ќе седне на клупата на Наполи.
„Консеисао е одличен тренер, мислам дека е некој што може да биде долго во Милан. Живеам во Милано, запознавам многу и тие сакаат да сонуваат“ – вели Костакурта.
„Може да имате ѕвезди во тимот но, мора да имате и вистински тренер“ – рече поранешниот играч на „росонерите“.

