Репрезентацијата на Костарика направи еден непријатен статистички рекорд на средбата од 1. коло од групната фаза на Светското првенство ФИФА 2022 со Шпанија (0:7).
Да потсетиме, на стартот на СП, Костариканците доживеаја голем пораз од Шпанија со резултат 0:7. Во текот на целата средба, фудбалерите на Фернандо Суарез не успеаја да упатат ниту еден удар кон голот. Ова е само втор ваков случај од 1966 година (од почетокот на ваквата статистика). Информациите ги дава Opta Sports во својот интернет портал.
Претходно мундијалскиот натпревар без удари кон голот се одржа и со учество на репрезентацијата на Костарика. Во 1990 година овој тим загуби од Бразил (0:1). Во следното коло од групната фаза на СП 2022, Шпанија ќе се соочи со Германија, а Костарика ќе игра со Јапонија. Двата натпревари ќе се одиграат на 27 ноември.