Вест Хем Јунајтед тргнува по потписот на Филип Костиќ, пренесуваат англиските медиуми. Српскиот репрезентативец влегува во последната година од договорот со Антрахт Франкфурт и тоа ќе се обиде да го искористи Дејвид Мојс за да го донесе во Лондон.
Костиќ инспирираше против Вест Хем во полуфиналето од Лига Европа и на него се гледа како замена за Арон Кресвел.
29-годишникот се очекува да донесе и голема свежина во нападот на „чеканите“ во новата сезона.