Поранешниот фудбалер на Пелистер, Влатко Костов, од денеска ќе седи на клупата на битолскиот состав. Тој ќе има задача во наредната сезона да избори место во прволигашкото друштво.
„Мене ми е чест што ја добив довербата од клуб каков што е Пелистер и луѓето што го водат клубот. Заедничка цел ни е пласман во Првата лига и од првиот ден ќе работиме на тоа“ – изјави Костов.
Ќе потсетиме дека Костов покрај ангажманот во повеќе екипи во еден период беше дел и од стручниот штаб на нашата најдобра фудбалска репрезентација а работеше и во селекцијата У 21.