Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Костов: Среќата беше на наша страна, исто како што беше на нивна на првото дерби
    Фудбал

    Костов: Среќата беше на наша страна, исто како што беше на нивна на првото дерби

    risteBy riste04/11/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалерите на Пелистер славеа минимално во дерби дуелот со Вардар (1:0) во 13. коло на ПМФЛ. Со голот на Мирко Ивановски домашната екипа дојде до победата во судиското продолжение. 

    По натпреварот, своето видување на дербито го кажа тренерот на Пелистер, Влатко Костов.

    „На теренот се водеше бескомпромисна и фер борба. Имаше емоции од двете страни и желба за победа, но како што ние заслуживме повеќе на првиот меч, денес Вардар заслужи нерешено. Тогаш среќата беше на нивна страна, а сега беше на нашата. Моите момци со желбата и со сè прикажано, едноставно изгореа на теренот. Ова ни е подарок за досегашната работа, за да дојдеме до средината на табелата. Се надевам дека ова ќе биде психолошки момент за да играме растеретено до зимската пауза. Сакам да ја израдуваме нашата публика со уште позитивни резултати“, изјави Костов по натпреварот.

    Со оваа победа Пелистер сега има 16 бода, додека проблемите за Вардар продолжуваат по серијата на лоши резултати и последната позиција на табелата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.