Македонскиот напаѓач, Јован Костовски својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во кипарскиот прволигаш Етникос Ахна.
Костовски и официјално е промовиран во новиот клуб во кој ќе настапува следната сезона.
По неколку години поминати во Белгија, настапувајќи за екипата на Леувен, 32-годишниот Костовски се одлучи на нов предизвик и преселба на Кипар каде ќе игра во Етникос Ахна.
Претходно во својата кариера Јован Костовски беше дел од екипите на Вардар и Металург во Македонија, како и за турскиот Ордуспор и ОФИ Крит во грчкиот шампионат.