Германскиот – „Билд“, објави, дека тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, на последниот состанок жестоко ги нападнал фудбалерите обвинувајќи ги за лошиот период во кој поминува тимот.
Од неговите зборови пред мечот со Бенфика во Лигата на шампионите, можело да се претпостави дека тој ќе го напушти тимот. -Мене набрзо ќе ме нема тука, но, пред тоа сакам нешто да ви кажам…“ – истакнал Ковач и почнал да ги критикува главните ѕвезди на тимот.
Медиумите претходно шпекулираа дека постои група на фудбалери кои ќе направат се само да си замине хрватскиот тренер.