Новиот тренер на Баерн (Минхен), Нико Ковач, вовел нови правила на однесување кои нема да им се допадната на ѕвездите на баварскиот гигант. Едно од нив не дозволува користење на паметни телефони во клупската база освен во соблекувалната. Играчите не смеат да имаат мобилни уреди во трпезаријата и за време на масажа.
„Нормално е играчите да имаат пристап до нивните телефони во соблекувалната, но, кога имаме ручек заедно, треба да комуницираме едни со други. Сакам играчите да комуницираат повеќе меѓу себе” – рече Ковач.
„Паметните телефони немаат место во кабинетот за масажа. Професионалните спортисти мора да бидат целосно фокусирани. Покрај тоа, радијацијата што зрачи од мобилните телефони, се одразува лошо на организмот” – додаде хрватскиот стратег.