Нико Ковач ќе го наследи Јуп Хајнкес на клупата на Баерн Минхен.
46-годишниот стратег кој има одлични резултати со екипата на Ајнтрахт Франкфурт, можеби неочекувано излезе во преден план откако главниот кандидат за клупата на Баварците, Томас Тухел, се определи да ја прифати понудата од ПСЖ.
Хрватот од 2001 до 2003 година успешно ги бранеше боите на германскиот состав. Тој одигра 34 средби