Фубалерите на Аугсбург вчера направија пријатно изненадување откако одиграа нерешено 1 спрема 1 на теренот на големиот фаворит, Баерн Минхен. Мечот на „Алијанц арената“ помина во целосна доминација на баварците, но, гостите ја искосристија шансата и однесоа голем бод.
„Аугсбург направи одлична работа во одбранбените задачи и ни предизвика многу проблеми. Не беше лесно да се создадат шанси а кога стигнавме до нив, ги промашивме. Натпревари во Бундеслигата се тешки. Жал ми е што не победивме” рече тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач.
Неговиот тим во наредното коло во Бундес лигата ќе гостува во Берлин кај екипата на Херта.