Новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач е подготвен да ја исполни желбата на клупскиот претседател Ули Хенес за вметнување на што повеќе млади играчи од академијата на баварскиот тим.
Последниот тренер на Баварците кој имаше храброст да наметне млади имињ аод академијата беше Луи ван Гал.
Во Минхен тој стана познат по фразата „Томас Милер секогаш ќе игра“ во време кога на германскиот шампион и не му одеше најдобро.
Под водство на ван гал се појавија и Холгер Бадштубер и младиот бек Давид Алаба.